Научниците креирале импланти за мозок кои ја подобруваат меморијата за 30%

brain-implant-e1510818479272.jpg

Од Илон Маск преку МИТ до американското Министерство за одбрана, сите работат на истражување на мозочните импланти, па се чини дека е само прашање на време кога ќе бидат готови уредите кои ќе го подобрат памтењето на луѓето. На Универзитетот на Јужна Каролина беше демонстрирано коирстење на такви импланти, кои би можеле да се користат за лечење деменција и Алцхајмерова болест.

Професорот Донг Сонг го пресентираше своето откритие на тема мемориска протеза во текот на состанокот на Здружението на неуронаука во Вашингтон, а се однесува на првиот уред кој ефикасно го подобрува човечкото памтење. Во текот на тестирањето Сонг работел со 20 волонтери, на кои им биле всадени мозочни електроди во рамките на третан за лечење епилепсија. По всадувањето уредот на Сонг почнал да собира потадоци за мозочната активност на волонтерите во текот на тестови дизајнирани да го стимулираат краткотрајното памтење или работната меморија.

Уредот се состои од електроди кои се вградуваат во мозокот и треба да ги имитираат природните процеси на паметење правејќи мали електрични напони во хипоталамусот, дел од мозокот задолжен за учење и паметење.

Кога се во прашање електродите кои ги имитираат вообичаените активности на мозокот, научниците се надеваат дека би можело да им помогне на луѓето со пореметување во паметењето, како што е деменцијата.

Дваесет доброволоци учествувале во експеримент кој го спровел споментатиот тим на научници. На нив им биле прикачени електроди, а потоа им била зададена едноставна момориска игра.

На секој учесник му биле прикажани фотографии во кратка презентација, а 75 секунди подоцна нивната задача била да се сетат на она што го виделе.

Научниците потоа, следејќи ја невронската активност, се обиделе да заклучат што се случува во нивниот мозок, за да дознаат кои делови на мозокот биле активни кога се обидувале да се присетат.

Во понатамошните испитувања научниците употребиле импланти на испитаниците за да ги стимулираат деловите на мозокот кои во претходниот експеримент биле активни.

Како што покажало истражувањето, овој уред може да ги подобри резултатите на тестовите за меморија за дури 30 отсто.

Научниците се надеваат дека во иднина ова ќе се користи во подобрување на паметењето, видот и движењето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top