Научниците набљудуваат чуден објект во нашата галаксија

galaksija.jpg

Научниците студираат чуден објект во нашата галаксија за кој не се сигурни дали некаде припаѓа, ниту пак дали се работи за планета или ѕвезда од типот на кафеаво џуџе.

Планетарната маса има „име“ CFBDSIR 2149-0403, и е откриена уште во 2012, кога научниците сметале дека се наоѓа во група од 30 ѕвезди наречена AB Doradus, на оддалеченост од 65 светлосни години од Земјата.

Нова студија водена од интернационален тим астрономи на чело со Филипе Делорм од Гренобл Алпи Универзитетот во Франција вели дека овој објект воопшто не припаѓа на таа група и дека неговата класификација е мистериозна.

Тие велат дека изолираниот објект е лоциран на околу 178 светлосни години од Земјата, и не припаѓа никаде. Користејќи мноштво инструменти меѓу кои и VLT (Very Large Telescope/“многу големиот телескоп“) во Чиле со чија помош го мереле апсорпцискиот спектар на неговата светлина која пристигнува до нас, тимот истражувачи дошле до два заклучоци: првиот е дека CFBDSIR 2149-0403 е слободна планета со маса 2 до 13 пати поголема од онаа на Јупитер, и е нешто помалку од 500 милиони години стара, а вториот дека се работи за ѕвезда од типот кафеаво џуџе, стара 2 до 3 билиони години, со маса помеѓу 2 и 40 пати поголема од онаа на Јупитер.

Тимот се надева дека со понатамошни истражувања ќе успее правилно да го идентификува овој објект, за да неговиот спектар може да се користи за идентификување на слични објекти во иднината.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail