Научниците најавуваат нов лек за ракот

gr2.jpg

Министерката за здравство, Вероника Скворцова, во интервју за телевизијата Россия 24, рече дека лекот кој во моментов го носи „работниот“ назив PD-1, поминал во втората фаза на од клиничките испитувања. Додаде дека се надева оти за година и половина тој ќе биде достапен за пациентите.

Лекарите тврдат дека препаратот веќе покажал фантастични резултати во справувањето со неколку видови малигни тумори и нивните метастази.

Скворцова рече и дека резултатите од работата на руските научници се следи ширум светот, бидејќи Русија е една од малкуте земји во кои се прави ткн „таргентно“, односно насочено лекарство за ракот.

Во прилогот се додава дека секој трет маж и секоја четврта жена на планетата се жртви на некој вид рак. Во Русија од малигни тумори страдаат околу три милиони луѓе, а годишно онколошко заболување се дијагностицира кај половина милион.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top