Научниците направиле сито од графен што ја претвара солената вода во питка

sito.jpg

Научниците од Универзитетот во Манчестер успеале да направат сито на база графен-оксид што може да ја отстрани солта од морската вода.

Сито од графен-оксид би можело да биде многу ефикасно во извршување на оваа задача и сега ќе биде тестирано во однос на постоечките мембрани за десалинизација.

Откако е открен и изолиран, графенот (кој се состои од еден слој јаглеродн атоми, наредени во шетоаголни решетки), покажува извонредни, специфични својства. Исклучително е цврст, добар проводник на електицитет и  прилично е растеглив.

Сепак, многу е тешко и скапо да се произведе графен во големи количини со постоечките методи.

Меѓутоа, доктор Раул Наир, кој го води истражувањето вели дека графен-оксид би можел да се призведе со едноставна оксидација на графенот во лабораторија.

Веќе е покажано дека мембраните од графен-оксид се ефикасни за филтрирање на мали наночестички, органски молекули, па дури и поголеми честички од сол. Но сѐ досега тие не можеа да се користат за филтрирање на обичната сол, бидејќи се потребни уште помали сита.

„За да може да се користи за десалинизација, ситото треба да се има, многу мали отвори, помали од еден нанометар“– вели Др. Наир.

Претходнте трудови покажале дека мембраните од графен-оксид малку се прошируваат кога ќе бидат потопени во вода, што овозможува помалите соли да истекуваат низ порите заедно со молекулите на водата.

Доктор Наир и неговите колеги покажале дека со поставување на ѕид од епоксидна смола (супстанца која се користи во лакови и лепила) на двете страни на мембрана од графен-оксид, ефикасно се спречува ширењето на мембраната.

Развојот на овој производ би можел да претставува решение за милиони луѓе кои немаат пристап до питка вода.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail