Научниците од Царскиот колеџ во Лондон: Не пијте по една шоља кафе, туку три на ден

kafe.jpg

Луѓето кои пијат три шољи кафе на ден, се изложени на помал ризик од кардиоваскуларни болести и болести на дигестивниот систем од оние кои се воздржуваат од кофеинскиот пијалок, покажуваат резултати од 16-годишно истражување на научниците од Царскиот колеџ во Лондон.

Над 500 илјади лица се вклучија во истражувањето, кое требаше да открие какви се ефектите на потрошувачката на кафе врз ризиците за животот на луѓето. И без потврда за придобивките на кафето во Велика Британија одамна се забележува рекордно висока потрошувачка – над 55 милиони шољи секој ден. Највисока потрошувачка на кафе е регистрирана во Данска (900 мл на ден по лице) а најниска во Италија (92 мл на ден). Љубителите на рекреативниот пијалок најчесто се  пушачите, консументите на алкохол, месојади и поретко вегетаријанците. За своето истражување истражувачите ги  анализирале  податоците од 521 330 лица на возраст над 35 години, жители на 10 европски држави во кои подготовка на кафе варира од италијанско еспресо  и капучино па се до филтриранит кафиња и други миризливи преферирани во Норвешка. Испитувани се промени во начинот на животот како почеток на нова диета или пушење. Веројатноста да умрат од болести како рак, кардиоваскуларни проблеми, срцева слабост или удар е со 18% помала кај мажите кои земаат најмалку 3 чаши кафе на ден. Кај жените ризикот е со 8% помал. Позитивни резултатите кои го покажуваат благотворното дејство на кафето, имале  и американски научници кои испитувале 185 855 учесници од различно етничко потекло. Британските експерти пак сега планираат да се фокусираат на проучување на одделни состојки во кафето, кои имаат позитивен ефект врз здравјето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail