Научниците од масло за јадење направиле материјал 200 пати појак од челик

grafennn.jpg

Научниците од  „CSIRO“ (Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation) од Австралија откриле начин како да го претворат евтиното масло за јадење од соја во чудесниот материјал – графен.

Графенот претставува дводимензионална јаглеродна структура со дебелина од еден атом, кој поседува извонредни својства. Тој е 200 пати појак од челикот, потврд е од дијамантот и неверојатно флексибилен. Под одредени услови може да се претвори во суперспроводник кој спроведува електрична енергија со нула отпор.

Ова значи дека графенот може потенцијално да има широка примена, од  изработка на подобра електроника, поефикасни соларни ќелии , па дури и во медицината.

Сепак, употребата на графенот е лимитирана поради фактот дека  тој обично се произведува во услови на вакуум, под висока температура, со прочистени состојки, што го прави прилично скап за производство.

Сѐ додека не се најде евтин начин, производство на овој исклучителе материјал е ограничено само на лабораториите.

Но, сега научниците од Австралија успеале да направат графен при нормална температура на воздухот, користејќи го масло за јадење од соја.

Процесот, што научниците го нарекуваат „GraphAir”, вклучува загревање на маслото од соја во печка околу 30 минути, што предизвикува тоа да се распадне на составните елементи на јаглеродот. Овој јаглерод потоа брзо се лади на фолија направена од никел, каде што дифундира како правоаголник од графен, со дебелина од само од еден нанометар (околу 80.000 пати потенко од човечко влакно).

Оваа метода, не само што е поевтина  и полесна од другите методи, туку е и многу побрза – за да се произведе графен во вакуум потребни се неколку часа.

Зао Јун Хан, еден од истражувачите на „CSIRO“, вели дека со оваа техника трошоците за производство на графенот може да се намалат  за 10 пати.

Прашањето е дали со оваа техника може да се постигне поголемо производство, бидејќи произведениот филм од графен е со димензии 5 на 2 сантиметри.

Истражувачите велат дека најголемиот филм од графен што засега можат да го направат со оваа техника е со големина колку една кредитна картичка. За да може графенот вистински да се користи во комерцијални цели, истражувачите ќе мора да направат филм што ќе биде многу поголем од ова.

Тие сега се во потрага по комерцијален партнер, за да можат да ја постигнат оваа цел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail