Научниците открија како се создаваат најголемите и најубавите дијаманти

dijamanti-1.jpg

Најголемите и најчисти дијаманти се создаваат во реките од растопеното железо и никел во најдлабоките слоеви на обвивката на Земјата, каде што постојат идеални услови за кристализација на големите „капки“ од течен јаглерод, појаснуваат геолозите во студијата објавена во списанието Science.

„Некои од најголемите и највредни дијаманти, како прочуените Кохинур, Кулинан, големата ‘Ѕвезда на Африка’ или ‘Ветувањето на Лесото’ имаат необични својства, кои предизвикаа нашите колегите да сметаат дека станува збор за особени камења различни од обичните дијаманти. Но никој не знаеше како тие се формираат и какви тајни на Земјата тие кријат во себе“, вели Вуи Ванг од Гемолошиот институт на Америка во Њујорк.

Повеќето од најголемите и историски најпознати дијаманти на нашата планета се најдени во ткн Кимберлитни цевки. Тие претставуваат своевидни „столбови“ или „туби“ од специјални магматски карпи, кои како што денес сметаат научниците, од најдлабоките слоеви од Земјината обвивка се пробиле од дното од Земјината кора, ја пробиле и излегле на површината на Земјата. Таквите „цевки“ се сретнуваат само во некои области од Источен Сибир, Јужноафриканската Република, Танзанија и Бразил каде што се добиваат 90 отсто од дијамантите на планетата.

Денес научниците активно го изучуваат хемискиот и минералниот состав на овие цевки или канали и дијамантите кои се содржат во нив, во надеж дека ќе ја разоткријат тајната за тоа како се одвива циклусот на карпите од најдлабоките слоеви на мантијата (геолошкиот слој на Земјата) блиску до јадрото на планетата. На пример пред пет години научниците открија, проучувајќи ги бразилските дијаманти, дека тие се формираат на многу голема длабочина, на околу 700 километри од материјалите на океанската кора која потонала во далечното минато во мантијата (обвивката) на Земјата.

Ванг и неговите колеги успеале да го откријат потеклото на Кулинан и на уште неколку други познати дијаманти проучувајќи ги остатоците од нивното обработување кои се чувани во колекцијата на еден приватен јувелир, кој обработувал скапоцени камења од разни рудници во Јужна Африка и Танзанија.

Во овие остатоци добиени по брусењето на дијамантите како што појаснуваат научниците во споменатата студија, се зачувале микроскопски меурчиња со гасови и карпи, „заточени“ во внатрешноста на дијамантот во моментот кога тој се формирал во течението на магмата. Соодветно на тоа хемискиот состав на овие системи може да ни кажат каде и како се создале тие скапоцени камења.

Нивното проучување открило неочекувани нешта, имено се покажало дека овие дијаманти содржеле во себе не само перовскит (релативно редок на површината на Земјата минерал, калциум титанат оксид) и други минерали кои се формираат на многу големи длабочини, туку и две неочекувани компоненти – железни легури, никел и други метали, како и мали количества метан и сулфур. И едното и другото укажуваат на тоа дека дијамантите како што се Кохинур и Ѕвездата на Африка се појавиле во внатрешноста на гигантските реки од растопениот метал во внатрешноста на Земјата.

Во овие реки, судејќи според присуството на метанот и редица други примеси, немало кислород и други оксидирачки агенси способни да го попречат формирањето на кристали од чист јаглерод. Со тоа се потврдуваат резултатите од теоретските пресметки и претходните експерименти со дијамантите и укажува на тоа дека најубавите и големи брилијанти навистина се посебни скапоцени камења коишто се создале одделно од другите дијаманти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail