Во лабораториски услови, новиот вид на генетска терапија до сега е тестирана на глувци и клетки од човечка кожа и имало знаци на подмладување.
Научници од Калифорнија сметаат дека процесот на стареење може да се спречи и дека експерименти со хемикалии против стареење ќе може да се применуваат на луѓе во наредните 10 години.
Истражувачите изјавиле дека целта на студијата е обид да им се помогне на луѓето да избегнат страдање кога ќе сфатат дека стареат.
Со истражувањето е заклучено дека постојат „ембрионски гени“, клетки со ембрионски одлики создадени од репрограмирани зрели клетки што можат да елиминираат знаци на старост.
Во лабораториски услови, новиот вид на генетска терапија до сега е тестирана на глувци и клетки од човечка кожа, при што и во двата случаја имало знаци на подмладување.
После шестнеделен третман, животните изгледале помлади, `рбетот им бил поисправен, кардиоваскуларниот систем подобро им работел и побрзо им заздравувале повреди и живееле подолго.