Научниците открија нов третман кој го запира ‘рчењето

rcene.jpg

Дејли Меил пренесува добра вест за сите оние кои имаат проблем со ‘рчењето. Научниците се всушност, блуску до решавање на проблемот. Имено направена е магнетна јака што може да биде трајно решение за запирање на ‘рчењето.

Појасот би требало да се носи над магнетот кој би бил вграден во подјазичната коска, коската која е во облик на потковица на грлото. Ќе се носи додека спиете, а моќта на двата магнети ќе го чуваат грлото постојано отворено.

Паузите во дишењето, односно апнеа, кај сериозни случаеви во текот на ноќта можат да се случат повеќе пати. Апнеата, не само што влијае на квалитетот на животот, туку и го зголемува ризикот од висок притисок, срцев и мозочен удар, бидејќи ненадејниот пад во снабдувањето со кислород во крвта предизвикува напрегање на кардиоваскуларниот систем.

Денес се во широка употреба апаратите кои овозможуваат стабилно снабдување на кислород со помош на маска за време на спиењето, но многу луѓе имаат потешкотии со носењето на маската бидејќи им е неудобна, имаат проблеми со клаустрофобија, иритација на кожата или им смета бучавата на апаратот.

Новиот третман користи магнети за да го спречи мекото ткиво во грлото од колапс во текот на спиењето, метод кој веќе се користи за други работи. Употребен е најјак вид на магнет кој комерцијално е достапен. Поголемите верзии се користат во генератори на турбините за ветар и кај хибридни и електрични автомобили.

Новиот уред, наречен Магнап има два неодимиумски магнети од кои еден е вграден во подјазичната коска, сместена помеѓу брадата и тироидната жлезда. Таа е единствена коска во грлото, и единствена која не е поврзана со другите коски. Ја имаат само луѓето, а опкружена е со мали мускули и меко ткиво. Таа има клучна улога при говорење и голтање.

Апнеата го предизвикува ткивото во грлото да почне да колабрира додека спиеме, што го прекинува дишењето и предизвикува ‘рчење. Овој уред се носи околу вратот, бидејќи магнетите се доволно јаки да ги држат дишните патишта постојано отворени и така овозможуваат постојан проток на воздух.

Професорот Џејдип Реј вели дека ова е интересен концепт и добар обид за контролирање на апнеата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail