Научниците открија супстанца која го заменува сончањето

soncajne.jpg

После повеќе од 10 години истражување, научниците пронашле супстанца која продира во кожата и ја прави исончана без изложеност на сонце, со што се избегнува развојот на рак на кожата.

За разлика од традиционалните креми за самопотемнување, кои имаат ефект само по површината на кожата и се краткотрајни, оваа молекула делува преку стимулирање на клетки кои произведуваат пигмент, а чија улога е апсорбирање на ултравиолетовите зраци, објаснуваат научниците.

Истражувањето првично е објавено во вторникот во списанието Cell Reports. Новата молекула сеуште мора клинички да се тестира за да се потврди дека не е штетна за луѓето. Се нанесува како крема и овозможува потемнување на епидермисот на лабораториски глувци, кои како и луѓето развиваат рак на кожата под дејство на ултравиолетови зраци.

Со оглед на тоа дека човечката кожа не е заштитена со влакна и крзно, таа морала да развие одбрана за студ, топлина и ултравиолетови зраци.

Д-р. Дејвид Фишер, шеф на дерматолошкиот оддел на општата болница во Масачусетс и професор на Харвард, главен автор на откритето, потсетува дека човечката кожа е одличен браник во кој е тешко се продира.

Научниците ги тестирале молекулите на примероци од човечка кожа во лаборатории и потврдиле дека темната кожа, е зависна од количината на супстанцијата и зачестеноста на примената. Тоа вештачко потемнување трае неколку дена.

Потенцијалната важност на ова истражување почива во новата стратегија за заштита на кожата и превенцијата од рак на кожата, истакнува Д-р. Фишер. “Кожата е најголемиот орган на нашето тело, која може да развие рак, но најчесто тоа се случува поради изложеност на ултравиолетови зраци”, заклучува тој.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail