Научниците откриле најбрз начин за утврдување на аутизмот?

autizam.jpg

Научници кој работеле на експериментален тест за аутизам, тврдат дека нивниот изум може да го открие ова пореметување со точност од 96 проценти и тоа преку крвта на пациентот.

Откритието е објавено во PLoS Computational Biology и е последниот обид за пронаоѓање тест за дијагностицирање на аутизмот кој погодува едно од секои 68 деца.

Аутизмот опфаќа широк спектар на пореметувања од тешка ментална заостанатост и повлеченост, до релативно благи симптоми.

Лекарите дијагнозата ја воспоставуваат со набљудување на однесувањето на детето. Поради тоа многу деца дијагнозата ја добиваат по четвртата година од животот, иако некои експерти успеваат да ги забележат симптомите и порано.

Доктор Јурген Хан ја предводел последната студија, која го мерела нивото на некои протеини во крвта кои се поврзани со аутизмот, а научниците велат дека постојат основани сомнежи дека некои од комбинациите на нивоата на тие протеини се карактеристични за пореметувањето.

Тие сѐ уште не можат да тврдат со сигурност дека маркерите се специфични за аутизмот, но ова откритие влева нова надеж за рано дијагностицирање.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail