Научниците откриле нова техника за одмрзнување на ткива без да се оштетат

tkiva.jpg

Научниците развиле техника која им дозволува брзо да одмрзнуваат криопрезервирани човечки и свински примероци без притоа да го оштетат ткивото – што би можело да придонесе за ослободување од листите за чекање на органи за трансплантирање.

Моментално, 22 луѓе во САД умираат секој ден додека чекаат трансплантација на орган. Еден од најголемите предизвици денес не е недостатокот од органи – туку фактот што тие не можат да преживеат замрзнати повеќе од неколку часа без притоа да бидат неповратно оштетени.

Најдобра опција е криопрезервацијата – процес за зачувување на ткива за подолг период на температури помеѓу -80 °C и -190°C, и потоа нивно повторно оживување без оштетување.

Една од водечките криопрезервациски техники е витрификацијата, која вклучува супер-ладење на биолошки примероци до стаклеста состојба на температура од околу -160°C. На овој начин, органите би можеле да бидат чувани со години, што значи дека докторите би можеле да направат банки од расположливи органи кои би биле на располагање веднаш штом на некој му притребаат.

Проблемот е во процесот на одмрзнување, кој предизвикува создавање на кристали лед кои го оштетуваат ткивото, па дури можат и да го напукнат за време на процесот. Колку ткивото е поголемо, толку потешко се одмрзнува без оштетување.

Тоа би можело да се смени со развивањето на новата техника која овозможува брзо одмрзнување без оштетување. За да тоа се постигне, тимот истражувачи користеле наночестички за загревање на ткивото не постепено, туку одеднаш – што значело дека ледените кристали не можеле да се формираат.

Железо-оксидните наночестички обложени со силикат биле измешани во мешавина која генерирала униформна топлина кога била изложена на надворешно магнетно поле, и секој пат кога истражувачите загревале човечко или свинско ткиво со волумен помеѓу 1 и 50mL, ткивата загреани со наночестички не покажале знаци на оштетување, во споредба со контролните ткива кои биле одмрзнувани со класичната метода со постепено загревање.

Во иднина, се смета дека нанозагревањето ќе може да се примени на поголеми ткива и органи со волумен од 1 литар и нагоре.

Тимот вели дека на поголемите ткива ќе биде потребно наночестичките да им се вбризгаат, наместо само да се постават околу нив, и дека тоа е следното што ќе го тестираат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail