Научниците откриле: Слепото црево има важна биолошка функција

slepo-crevo.jpg
Научниците откриле дека слепото црево еволуирало најмалку 29 пати во текот на еволуцијата на цицачите.
Слепото црево кое функционира сосема нормално, всушност има битна биолошка функција – складирање на „добри“ бактерии кои што помагаат за заштита на луѓето од одредени инфекции.
Силен доказ за тоа е и студија од 2012 според која индивидуите без слепо црево биле изложени на четири пати поголем ризик за повторување на бактериска инфекција што предизвикува дијареа, грозница, мачнини и болки во стомакот.
Сега од Универзитетот Мидвестерн, со поинаков пристап, дошле до ист заклучок. Прво собрале податоци за присуството, односно отстуството на слепо црево и други гастроинтестинални и еколошки карактеристики кај повеќе од 533 видови на цицачи во текот на изминатите 11 милиони години. Се покажало дека тоа не исчезнало ниту од една линија, што е показател дека сепак има одредена функција.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail