Научниците откриваат: Длабоко под Земјината кора е пронајдено нешто што постои само на Јупитер и Сатурн

vselena.jpg

На Земјата е пронајден “Мраз 7” или “Ice VII”, односно вселенски мраз, кој досега бил регистриран само на сателитите околу Јупитер и Сатурн.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Во дијамантите ископани длабоко под Земјината кора, научниците пронашле нов облик на водата, односно вид на мраз досега незабележан на Земјата.

Новиот вид на мраз е наречен “Мраз 7”. Тој е 1,5 пати погуст од обичниот мраз и има поразлична атмосферска структура.

Постојат повеќе различни видови на мраз кои се разликуваат според густината и распоредот на атоми.

“Мраз 7” е збиен и атомите на кислород внатре во него формираат структура во облик на коцки, за разлика од обичниот мраз, кој има хексагонална форма.

Притисокот потребен за формирање на “Мраз 7” може да се најде на Земјата, но планетата во главно е претопла за да се одржи структурата на овој мраз.

Научниците потсетуваат дека “Мраз 7” е пронајден на сателитот на Сатурн, Европа, и сателитите на Јупитер, Титан и Енцелад.

Пронајдокот е објавен во научното списание “Science”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top