Научниците: Ова небесно тело е најпривлечно за посета по Марс, таму може да се изгради човечка колонија

mars.jpg

Најголемата месечина на Сатурн, Титан се покажува како едно од ретките места во нашиот сончев систем, што може да биде испитувана од луѓе, кои се наоѓаат на вселенски брод. Научниците сметаат дека дури и таму може да биде организирана колонија. По Марс, најверојатно Титан ќе се покаже како најатрактивно небесно тело за посета, сметаат тие.

Тоа е така, поради релативно слабата радијација и поради фактот дека месечината на Сатурн е покриена со течност, макар што не е вода. Според најнови прогнози, група на луѓе би можела да преживее на Титан за подолг временски период, бидејќи таму има достапни извори на енергија, кои можат да напојуваат дури и поголема колонија.

Првите луѓе на Титан можат да користат атомска енергија, а една поголема колонија може да користи енергијата од јаглеводородни езера кои се во изобилство на Титан. За добивање на голема количина на енергија би можело да се комбинира водород со ацетилен, кој исто така е достапен во изобилство на месечината на Сатурн. Енергија од ветер исто така може да се користи на Титан, бидејќи таму поврзаните ветерни турбини би биле десет пати поефикасни од оние на Земјата.

Огромните резерви на метан на Титан може да стане уште еден извор на достапна енергија за една колонија од луѓе во далечна иднина. Според научниците, првите сонди на Титан ќе можат да слетаат на езерата на месечината без сериозни проблеми. Тие би можеле да го расчистат патот за пристигнување и на пилотирани бродови. Нема сомнение дека, сепак, пред идната посета на луѓе на Титан има огромни предизвици.

Температурата на месечината на Сатурн е -180 степени Целзиусови, гравитацијата е еден и пол посилна од онаа на Земјата, а атмосферата е исклучително непријатна.

Според научниците, сепак, по периодот на мисијата на Марс, што би требало да се случи до 2030 година, најверојатно ќе дојде и времето на Титан. Изборот на луѓето за планети и месечини, кои можат да бидат колонизирани е многу ограничен и според научниците Титан е меѓу можностите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail