Научниците порачуваат – гушкајте се што е можно повеќе!

pregratka.jpg

Дека гушкањето е едно од најубавите работи е добро познато, а сега имаме и научни докази дека тоа е добро за нас.

Имено, Универзитетот во Северна Каролина спроведе истражување за ефектите на гушкањето, а резултатите покажале дека прегратките во нашето тело го ослободуваат хормонот окситоцин, кој се нарекува и уште хормон на љубовта.

Окситоцинот го намалува нивото на стрес, а докажано е и дека луѓето на кои им недостасува овој хормон имаат проблеми при емоционалното поврзување со други луѓе, се чувствуваат мрзоволно, па дури и потешко постигнуваат оргазам.

“Науката нѐ учи дека допирот е многу важен за психичко и физичко здравје на човекот. Допирот го намалува крвниот притисок и отчукувањето на срцето, ја намалува болката и го подобрува имуниот систем”, вели доктор Ентони Грант.

“Прегратките произведуваат окситоцин, хормон кој кај луѓето создава чувство на сигурност и го намалува стресот”, додава тој. А, ние само можеме да заклучиме – гушкајте се што е можно повеќе!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail