Научниците предупредуваат: “Ако добиете порака од вонземјани, одма избришете ја”

von-1.jpg

Пораките што вонземјаните би ги испратиле од вселената би можеле да го уништат животот на Земјата ако не сме доволно внимателни во нивното читање и разбирање, предупредуваат научниците.

Во текстот што се занимаваше со истражување за толкување на пораките од универзумот, се наведува дека невозможно е да се знае дали пораката е опасна пред да се отвори.

Всушност, пораките се толку опасни што најбезбедно е да не се отвараат, велат научниците.

Малку e веројатно дека контактот со било која вонземска цивилизација би билo штетнo за нас, рекоа истражувачите Мајкл Хики и Џон Лронд. Но, бидејќи е невозможно да се знае што е пораката пред да ја прочитаме, најбезбедно сценарио би било целосно да се избегне.

Постои можност дека порака од универзумот може да го загрози нашиот свет. Според текстот, вонземјаните може да го уништат нашето Сонце и да предизвикаат хаос дури и ако пораката нема да биде точна.

Други технологии нудат своите начини за уништување на светот.

“Тоа би можело да дојде во форма на компјутерски вирус кој ќе ги зафати мрежите низ целата земја кога пораката ќе биде дешифрирана или во форма на вештачка интелигенција која би можела да ги преземе нашите компјутерски системи”, пишува “Independent”.

Научниците велат дека треба да се изгради “затвор” кој ќе ги контролира пораките, а со тоа нема да се дозволи понатаму да се шири. Меѓутоа, ако станува збор за вештачка интелигенција, многу брзо ќе најде начин да се рашири низ целата земја.

Според тоа, научниците заклучуваат дека таквата порака најверојатно треба да се отвори. Ризикот е релативно мал, а “наградата” е потенцијално огромна, бидејќи ќе добиеме знаење кое ќе ни помогне да дознаеме повеќе за светот на вонземјаните.

Тие, исто така додаваат дека треба да имаме на ум на кој начин можеме да одговориме на таквите пораки.

“Секако дека не треба да испраќаме никаков код. Соодветни се фотографии, музика или текст во едноставен формат”, велат научниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail