Научниците предупредуваат : На Европа и се закануваат мегапожари

pozarnikar.jpg

Светскиот фонд за природа (WWF) , денеска предупреди дека во Европа , како резултат на климатските промени и топлотниот бран , се можни мегапожари.

И покрај тоа што најчести се пожарите во регионот на Медитеранот , земјите од северна Европа, до неодамна се бореа со големи шумски пожари.

Според податоците на Еуростат, околу 300.000 хектари шума горат секоја година во Европа .

Во извештајот објавен од страна на шпанскиот WWF, се вели дека пожарите во Европа предизвикуваат штета од три милијарди евра годишно.

Во 2017 и 2018 година, во големите пожари проследени со силни ветришта загинаа 225 луѓе во Португалија, Грција и Шпанија.

Се очекува оваа година интензитетот на огнот да се зголеми како резултат на слабата распределба на ресурсите и зголемувањето на температурите на глобално ниво.

“Сегашната политика за противпожарна заштита, која се заснова исклучиво на системот за гаснење, е застарена и неефикасна во борбата против новиот тип пожари “, се вели во извештајот.

WWF, исто така, повикува на повеќе превентивни мерки, вклучувајќи и подобро управување со шумите.

Со зголемувањето на температурата, депопулацијата на селата  и хаотичната урбанизација се главни причини за постојано зголемување на бројот на пожарите, се наведува во извештајот.

Најмалку тринаесет лица загинаа во Европа за време на последниот топлотен бран , а многу земји како Франција забележаа рекордно високи температури.

Оваа година во Европа избувнаа  1 400 шумски пожари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail