Научниците пронашле црна дупка која може да открие многу тајни

crna-dupka.jpeg

Потполно неочекувано, јапонските астрономи пронашле црна дупка во срцето на Млечниот пат.

Со проценета маса која е за околу 100.000 пати поголема од нашето Сонце, научниците од универзитетот Кеио во Јапонија веруваат дека тоа би можело да биде специјален вид на црна дупка за која се претпоставува дека постои, но никогаш официјално не била идентификувана.

Имено, новата црна дупка се наоѓа на 25 илјади светлосни години од Земјата и може да одговори на едно од најважните прашања- како еволуирал Млечниот пат?

Јапонските астрономи ја лоцирале црната дупка преку телескопот Алма, на речиси пет илјади метри надморска височина на Андите во северно Чиле. Радио телескопот со висока резолуција им дозволил да го набљудуваат облакот, оддалечен 195 светлосни години од срцето на Млечниот пат.

Инаку, неодамнешните истражувања покажуваат дека супермасивните црни дупки се неопходни за создавање на галаксии, ѕвезди па дури и живот. Црните дупки е тешко да се пронајдат бидејќи се потполно црни, но во некои случаи тие предизвикуваат одредени ефекти по кои се препознаваат. Астрономите се надеваат дека црната дупка во Млечниот пат ќе даде одговор на многу клучни прашања околу кои се расправа со децении.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail