Научниците развиле вакцина против акни

Acne-home-solution-640x466.jpg

Научниците развиле вакцина против акни со кое еднаш засекогаш може да се реши проблемот со акните, пишува Independent. Последната низа од неколку години, научниците се обидуваа да го откријат вистинскиот причинител на акните, и се чини дека конечно откриле за што станува збор.

Научниците се свесни за тежината на проблемот со кои најчесто се соочени младите, но и возрасните, и се задоволни со откритието до кое дошле врз чија основа развиле вакцина против акни.

Акните се предизвикани од П. акни, бактерија која се наоѓа во човечкото тело во текот на целиот живот. Со оглед дека бактеријата во некои случаеви е корисна, научниците не можеле да направат вакцина против неа, но пронајдени се антитела за токсичниот протеин кој П. акните, бактерии се излачуваат на кожата и предизвикуваат нејзино воспаление.

Накратко, вакцината ќе ги блокира воспалителните процеси наместо во целост да ја убие бактеријата.

Формулата за вакцината моментално се тестира на биопсии на кожа кај пациенти кај кои е воочено подобрување, а за некоја година би требало да се премине и на клинички нејзини испитувања.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail