Научниците се спремаат да го освојат Марс

mars-proekti.jpg

Mission Accomplished!

Шест научници влегле во специјална купола изградена на вулканот Мауна Лоа, со цел истражување на човековата психологија.

Ова  на НАСА треба да и ги даде потребните податоци за планирање подолги мисии на Марс.

Четворица мажи и две жени ќе поминат осум месеци во симулација на вселенски дом на Хавајските острови.

Во наведениот период шесте лица нема да имаат физички контакт со други луѓе, а целата електронска комуникација со тимот за поддршка ќе доцни 20 минути – времето за кое и е-мејл би стигнал од Марс на Земјата.

Проектот, финансиран од НАСА, ќе ги проучува психолошките потешкотии предизвикани од долг престој во затворено и изолација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail