Научниците создадоа паметен завој кој сигнализира кога ќе се појави инфекција

pameten-zavoj.jpg

Научниците од универзитетот Свонси создадоа паметен завој кој следи како зараснува раната и испраќа порака до лекарот. Завојот би требало да биде во употреба од следната година.

Тенки сензори ја регистрираат инфекцијата и го подобруваат згрутчувањето на крвта. Исто така овие сензори можат да бидат поврзани со смартфони и преку апликација може да се следи здравјето, што може да биде клучно во процесот на опоравување.

„Традиционалната медицина е онаа каде на пациентите им се припишува терапија секој месец или секои три месеци. Иднината е во постоење на разни видови терапија кои се креираат за поединци врз основа на нивниот животен стил. Понекогаш пациентите толку многу се плашат од лекари што велат дека се е во ред, но за тоа повеќе нема потреба. Во новиот 5G свет лекарите и пациентите можат заедно да работат на решавање на проблемот“, изјави професорот Марк Клемен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail