Научниците тврдат: Луѓето ќе станат малцинство, роботите ќе „експлодираат“

robot.png

Научниците предвидуваат дека популацијата на роботите на планетата Земја ќе порасне од 57 милиони на неверојатни 9,4 милијарди во идните 30 години и ќе го преплават човештвото.

Иако звучи како сценарио од научно-фантастичен филм, некои експерти тврдат дека тоа е реалноста која што го очекува човештвото, односно дека роботите ќе ја надминат човечката популација до 2048-ма година.

Така барем тврди водечкиот футуролог доктор Јан Пиарсон кој што проценува дека популацијата на роботи на планетата ќе порасне од 57 милиони на 9,4 милијарди во следните 30 години. Според него, роботите за десетина години ќе станат и емоционално интелигентни.

Во последните неколку години, исто така се објавувани најразлични студии кои што предвидуваат дека голем удел од човечката работна сила ќе биде заменет од роботите. Од сите професии, најпрвин најмногу ќе настрадаат работните места во производството, финансиите, сметководството и транспортот.

Идејата дека „роботите ќе го превземат светот“ ги прави луѓето прилично нервозни и уплашени. Според анкета спроведена на примерок до 2 илјади испитаници, седум од десет луѓе, односно 71% велат дека се плашат од порастот на бројката на роботи со вештачка интелигенција, а речиси шест од десет луѓе, односно 59% сметаат дека роботите претставуваат закана по човештвото.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 54% сметаат дека научниците нема да може да го контролираат развојот и ширењето на роботите кои што ќе бидат управувани од вештачка интелигенција.

Истражувањето било спроведено од стриминг сервисот “Now TV” за време на промоцијата на втората сезона од популарната телевизиска серија “Westworld”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail