Научниците тврдат: Шеќерот ги „буди“ клетките на ракот и го прави поагресивен

secer.jpg

Научниците откриле дека шеќерот ги „буди“ клетките на ракот и го прави туморот поагресивен. Резултатите од деветгодишниот истражувачки проект во Белгија кој е објавен во списанието „Nature Communications“ го сметаат за клучно во истражувањето на ракот, бидејќи научниците конечно го објаснуваат феноменот во кој клетките на ракот брзо ги разградуваат шеќерите и на тој начин го стимулираат растот на туморот.

Проектот почна 2008 година со акцент на тоа како туморите значајно ја претвараат количината на шеќерот во лактат во однос на здравото ткиво. До сега не беше јасно дали е тоа симптом или причина за карцином. Но, ова истражување дава докази за постоење на позитивна корелација меѓу шеќерот и онколошкиот потенцијач во карциногените клетки.

– Нашето истражување открива како хиперактивното конзумирање шеќер во карценогените клетки доведува до маѓепсан круг на континуиррана стимулација на развојот и растот на карциномот – објаснува професорот Јохан Тевелин.

Истажувачите сметаат дека овие резултати ќе имаат сеопфатни последици и ќе бидат темел за идните истражувања во оваа област. Тие ќе влијаат и на прилагодување на диетата за пациентите со рак.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top