Научниците успеаја да обезбедат безжичен пренос на енергија без губење на сигналот

vajreles.jpg

Сѐ повеќе производители на различни видови на преносни уреди за нивното полнење почнуваат да користат технологија на безжично полнење. Иако за нивното полнење обично не е потребен кабел, уредите најчесто не можете да ги поместувате од подлогата за време на полнењето.

Научниците од Универзитетот Стенфорд се соочија со проблемот користејќи квантна механика. Фан Шанхуи и неговиот тим развија безжичен полнач кој работи дури и кога уредот е во движење, сѐ додека е оддалечен до еден метар од изворот за напојување без намалување на преносот на енергија. За да го демонстрираат својот успех, тие искористија LED светилка која ја задржала јачината на светлина на оддалеченот од полначот.

Тимот за безжичното напојување на далечина искористил сегменти од квантна механика познати како просторно – временска симетрија. Благодарение на симетријата, енергијата која излегува од појачувачот во полначот го компензира губењето на енергијата до кое доаѓа при оддалечувањето од полначот. Системот се подесува автоматски кога се менува далечината помеѓу уредот и полначот.

„Сметам дека е навистина интересно да се види примената на основен концепт од физиката на сосема друго подрачје.“, изјавил раководителот на тимот.

Даниел Стенсил од Државниот универзитет во Северна Каролина смета дека ова е навистина возбудливо достигнување. „Паметниот телефон би можел да се наполни додека го држите или го користите, без потреба да се става на станицата за полнење.“, истакнал тој додавајќи дека овој нов пристап е поедноставен и би можел да биде повеќе применлив.

Тимот од Стенфорд планира да го подобри досегот на полначот преку модификација на дизајнот со крајна цел системот да се подесува за да може да наполни и електричен автомобил во движење. Ова би можело да го зголеми и досегот на движење на електричните возила и да ги направи попримамливи.

(zimo.hr)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail