Научниците успеале да излечат ХИВ кај животни

hiv.jpg

Американски научници направиле голем чекор напред кон лекување на вирусот ХИВ.

Тим од научици од Универзитетот Питсбург и Медицинската школа Кац, успеале да излечат животни заразени со ХИВ вирусот.

Во новата студија што беше обавена во списанието  „Molecular Therapy“, американските научници покажале дека можат потполно да го отстранат ХИВ-вирусот од човечка ДНК вметната во глувци, како и да ја спречат понатамошната инфекција.

Ова прв пат целосно да биде елиминиран вирусот од животни, со што се отвора пат кон клинички тестирања на луѓе, со оглед на тоа дека во истражувањето се користени „хуманизирани“ животни, односно глувци на кои им биле вметнати човечки клетки кои потоа биле инфицирани со вирусот.

Истражувањето е предводено од Доктор Венхуи Ху, кој со својот тим една година претходно направиле слична студија кога успеале да го отстранат вирусот од повеќето ткива. Но сега научниците отишле уште еден чекор понапред.

Тие тестирале три групи на глувци. Глувците од првата група биле инфицирани со ХИВ вирусот, втората група со ЕкоХив (глувчешки еквивалент на човечки ХИВ), додека третата група биле „хуманизирани модели“, односно глувци на кои им биле вбризгани човечки клетки заразени со ХИВ. Тестирањето на втората група имало и допонителен предизвик – вирусот имал тенеденција брзо да се шири.

„Кај глувците заразени со ЕкоХив вирусот можевме да ја  тестираме „Crispr / Cas9“ методата со цел блокирање на репликацијата на вирусот и потенцијано спречување на системска инфекција“изјавил Д-р. Ху.

Нивната стратегија овозможила да се елиминира 96 проценти од ЕкоХИВ вирусот од глувците, благодарение на „Crispr / Cas9“ техниката, која им овозможува на научниците да прават прецизни измени на самата ДНК.

Кај третата група глувци, кои  во себе носеле човечка ДНК и Т-клетки кадешто вирусот има тенденција да се крие, научниците успеале со смо еден третман со „Crispr / Cas9“, вирусот бил целосно отстранет.

Следниот чекор ќе биде да направиме студија на примати- многу посоодветни модели каде ХИВ вирусот предизвикува болест,со цел да го елиминираме ХИВ вирусот од Т-клетките и мозочните клетки“- вели др.Ху и додава дека крајната цел е клиничко тестирање на луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail