outdoor-meeting.png

Научниците тврдат дека држењето состаноци надвор може да има големи бенефити врз вашето здравје. Истражувачи анализирале што се случува кога луѓето кои работат во канцеларии одржуваат состаноци додека пешачат надвор. Притоа, секој од учесниците во состаноците имал своја задача. Некои од нив биле задолжени за патеката по која треба да се движат, додека други за времетраењето.

Во текот на состанокот надвор имале претходно утврдена рута. После состаноците учесниците во истражувањето потврдиле дека се чувствуваат поенергични и поефикасни. Освен тоа, почнале почесто да вежбаат.

Пешачењето по најмалку 15 минути дневно може да ви го продолжи животот за 3 години, додека предолгото седење го зголемува ризикот од срцеви заболувања, канцер и прерана смрт. Дури и ако вежбате остатокот од денот. Во САД, на пример, од 1950 година досега бројот на работни места на кои се седи се зголемил за 83%.

Дури и вашата работа ќе има бенефити од таквите состаноци. Научници од Стенфорд откриле дека луѓето размислуваат покреативно кога пешачат, а само петминутна прошетка во парк е доволна за да ви го подобри расположението.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail