Научниците велат: Прво да се утврдиме на Месечината, а дури потоа на Марс

mesecina.jpg

Создавањето постојани вселенски бази на Марс може да е предвремено и многу скапо, така што, подобро е прво вниманието да се насочи кон освојување на Месечината, велат руски научници од институтот „Лавочкин” за ТАСС.

Според нив, современата наука и сознанија за колонизација на Вселената ја посочуваат Месечината како првото најперспективно небесно тело каде тоа моментно е изводливо.

Аналогни планови за Марс засега се невозможни. Причината за тоа е едноставна: обезбедувањето на патот на астронаутите, како и на самиот престој на Црвената Планета, е ризично, а и непотребно премногу скапо.

Како и да е, засега и испитувањето на евентуалната изградба на живеалишта и лаборатории на Месечината е се уште во експериментална фаза и се одвива на Земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail