Научниците во Церн го разбудија Големиот Хедронски Акцелератор од хибернација

По седумнаесет неделна неактивност големиот хадронски акцелератор (LHC) е повторно вклучен и наскоро треба да работи подобро од било кога.

Додека LHC обично оди на зимски одмор, со цел техничарите да можат да извршат поправки и подобрувања, оваа година паузата беше подолга од обично. Суперспроводливиот магнет е заменет и е инсталиран нов, со што наскоро акцелераторот на честички повторно ќе може да циркулира протонски зраци.

Откако одржувањето е речиси готово, секоја машина во составот е вклучена и проверена, пред да се вклучи главната компонента – LHC. “Ова е како оркестар, се мора да е усогласено со цел да работат заедно”, вели Ренде Стиренберг, раководител на оперативната група одговорна за целиот комплекс акцелератори, вклучувајќи го и LHC.

Новите вградени подобрувања ќе резултираат со повисока луминозност, што ќе им овозможи на научниците да соберат повеќе податоци.

Минатиот месец научниците во ЦЕРН откриле интригантни аномалии, кои укажувале на објаснувања кои не се во согласност со стандардниот модел.

Експериментот открил дека некои честици пропаѓаат поретко отколку што се очекувало во одредени околности, и сега научниците се обидуваат да одредат дали се работи за знак на нов физички феномен или едноставно за статистичка грешка.

Аномалијате е забележана во примерокот на податоци од првата серија на големиот хардонски судирач, и ако се забележи и во втората серија, може да докаже дека постои физика и надвор од стандардниот модел.

извор: enauka.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail