Научниците во паника: Вознемирувачко откритие на Арктикот

artik.jpg

Пластичен отпад почнал да се собира и во претходно недопрени делови од норвешкиот Арктик, предупредуваат научниците.

Научниците посебно се загрижени поради огромната концентрација на микропластични делови во морскиот мраз. Тие пренесуваат дека пронашле пластичен отпад во секој дел од Арктикот кој го истражувале.

Норвешки рибари сега стравуваат дека нивните резерви со риба, поради загадувањето би можеле да се најдат на лош глас.

Сепак, поголемиот дел од овој отпад е всушност фрлена опрема за риболов, а сопствениците на бродови признаваат дека ќе поминат стотици години пред човештвото да излезе на крај со последиците од повеќедецениското употребување на морето како депонија.

Во меѓувреме, се огласи и норвешкиот министер за заштита на животна средина, кој вели дека политичарите досега не биле во целост упатени во сериозноста на овој проблем.

Научниците во текот на истражувањето ги следеле видовите на риби кои живеат во морето. Резултатите покажале дека само во еден литар стопен арктички мраз се наоѓаат до 243 честички пластика, што е многу повеќе отколку во отворен океан.

Причината е тоа што пластиката плива по површината на морето, каде исто така најпрво се формира мраз.

Научниците се загрижени дека пластиката може да има исклучително негативно влијание на морскиот живот, еднаш кога мразот ќе се стопи, и загадената вода ќе стигне во морето.

Една од најзагрозените области е Свалбард.

Анализа од 2013 година во оваа област, покажала дека повеќе од 200 различни животински видови имале пластика во својот дигестивен систем.

Додека пак, животни како Ирваси, за кои секој контакт со пластика би можел да биде погубен, научниците често ги наоѓаат мртви.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top