Научниците одгатнале како мозокот препознава лица

mozok-1.jpg

Научниците од MIT соопштија дека успеале да разберaт подобро како човечкиот мозок препознава лица.

За целта истражувачите развиле нов компјутерски модел на механизам за откривање на лице, за кој се смета дека е сличен на употребениот од мозокот. Моделот е реализиран во создадениот систем за обука од истиот тим, соопшти MIT News.

По обуката, системот сам ја одвоил меѓуфазата на препознавање, во кој се одредува аголот на вртење на лицето спрема релативна централна положба. Според научниците, тоа својство не било утврдено првично, туку се појавило во процесот на учење.

Покрај тоа, новооткриеното својство се совпаѓа со карактеристиката при препознавањето на лица од приматите, утврдена по експериментален пат. Научниците тврдат дека нивниот модел е сличен на моделот употребен од човечкиот мозок.

Подобреното разбирање на механизмот за препознавање на лица ќе им помогне на инженерите да создадат попрецизни решенија од ваков вид за различни апликации – на пример во мобилни уреди за идентификација при отклучување на уредот и во безбедносните системи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail