Научно докажано: Чоколадото може да Ве направи попаметни

chocolate625x35081434346507.jpg

Омилениот десерт на поголемиот дел од луѓето во умерени количини помага на нашето здравје, но исто така тој поседува и магични својства.

Чоколадата е добра за Вашето здравје, бидејќи таа го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, па дури и ја штити Вашата кожа од штетните влијанија. Ова се само дел од придобивките кои ги добивате од чоколадото, но сега е откриена уште една – чоколадото може да Ве направи попаметни.Според една студија која неодамна беше спроведена на луѓе кои барем еднаш неделно јадат чоколадо, резултатите покажуваат дека нивната меморија и способноста за подобро размислување се подобриле.

Мерил Елајас, една од авторките на оваа студија, уште од 1970. година ги следела функциите на мозокот на 1000 лица, но се фокусирала на односот на крвниот притисок и мозочните функции.Пред 15 години, на испитаниците им биле понудени прашања околу нивната исхрана. Исто така, на тој пат била и нутриционистот од Австралија, Џорџина Кричтон, која го истражувала влијанието на чоколадото врз организмот на 1000 луѓе, во период од 5 години. Резултатите од ова истражување покажуваат дека оние кои консумирале чоколадо еднаш неделно имаат подобро помнење за разлика од оние кои не консумирале чоколадо.Сепак, постојат и такви кои не јадат чоколадо, а имаат добра меморија. Претходните истражувања покажуваат дека храната која содржи флаваноли ја стимулира меморијата. Меѓу нив спаѓаат и чоколадото и какаото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail