Научно докажано – Големата моќ предизвикува оштетување на мозокот

brain.jpg

Според новото револуционерно истражување, луѓето на големи позиции, трпат големи оштетувања на мозокот како резултат на нивниот успон на власт. Изреката дека „Моќта расипува“, всушност научно е тоочна, според  научниците кои го проучувале човечкиот мозок.

Директорите и светските челници ја губат способноста за читање на туѓи емоции, што објаснува зошто луѓето кои се издигаат на позициите на моќ чувствуваат се помалку емпатија, заклучуваат истражувачите на Универзитетот „Mcmaster“ во Онтаријо.

Историчарот Хенри Адамс бил и метафоричен и на немедицински начин ја опиша моќта како „некој вид на тумор кој завршува со убивање на симпатијата кај жртвите“.

Но тоа не е ни од далеку заклучокот кој Дачер Келтнер, професор по психологија на Универзитетот Беркли донесен од години работа во лабораториските и теренските обиди.

Субјектите на власт кои биле предмет на истражувањето кое траело две децении, како што се зголемувала нивната моќа станувале се поипулзивни, помалку свесни за ризикот, и најважно, помалку упатени на гледање на работите од туѓа перспектива.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail