Bavcha_so_kompir.jpg

Природата има терапевтско влијание врз луѓето кои се вознемирени и под стрес. Во голем дел влијае и самото тоа што воздухот е чист, но според неодамнешни откритија, во почвата постои микроорганизам „mycobacterium vaccae“, кој луѓето го вдишуваат додека се во природа. Тој има слични терапевтски својства како популарни лекови за смирување на нервите.

Може да го поттикне лачењето на серотонин, ги подобрува когнитивните функции, па дури и се забележани позитивни резултати при третирање на ревматски артритис.

Затоа и многу луѓе обожаваат да работат во својата домашна градина или да одгледуваат цвеќиња во саксии, бидејќи тоа за нив е „среќното катче“, го намалуваат стресот на тој начин и после тоа се подобро расположени.

Овој антидепресивен микроорганизам делува како природен антидепресив и нема штетно дејство врз луѓето. Поради тоа луѓето кои се постојано во својата домашна градина делуваат како да се зависни од нејзе.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail