Научно докажано: Кој има куче има среќен, подобар и подолг живот

frg.jpg

Истражување кое траело полни 12 годинии дало одлични резултати.

Сите знаат дека кучето е најдобар пријател на човекот, но неодамна објавената Шведска студија открива дека таа реченица е многу подлабока отколку што мислиме.

Имено, истражувањата објавени во стручниот магазин Scientific Reports открива дека газдите на кучињата навистина подолго живеат. Студијата во тек на 12 години следела повеќе од 3,4 милиони Швеѓани, кои немале проблеми со болести на срце. Заклучок од истражувањето е дека кучињата се поврзани со нискиот ризик од кардиоваскуларни заболувања и “смртност од многу други причини” во општата популација.

Позитивни ефекти на живот со куче особено се изразени во домаќинство со една личност, каде што присуството на милениче го намалува ризикот од смрт за 33 отсто и шанси за срцев удар е 11 проценти.

Студијата открила дека сопственици на ловечки кучиња, териери и ретвиери, имат најнизок ризик од кардиоваскуларни зболувања.

Тов Фол, еденод авторите на студијата, понудил неколку можни објаснувања за резултатите.
“Сопствениците на кучиња обично имаат повисоко ниво на физичка активност, од луѓе кои немаат куче, а исто така можат да имаат корист од друштвени ефекти поврзани со домашни миленичиња”, објаснува Фол.

Авторите на шведската студија веруваат дека ова е најголемо истражување во историјата помеѓу кучето и човековото здравје. Сопственици на домашните миленичиња сега имаат и официјална научна потврда – се мисли дека нивниот четвороножен член на семејството навистина може да им овозможи среќен, богат и долг живот

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top