Научно докажано: Постот е најдобра диета – чува од рак и ги топи килограмите

post.jpg

Ако постите пет дена месечно значајно ќе го намалите ризикот за добивање срцеви болести, дијабетес и рак, тврди најновото истражување.

Истражувачите од УКЛА Институтот за долговечност побараа од луѓето да го ограничат внесот на калории во текот на една работна недела месечно во траење од 3 месеци.

Оваа диета, осмислена е да ги имитира резултатите од пост само на вода, им дозволи на луѓето да конзумираа меѓу 750 и 1.100 калории дневно.

До крајот на тестот, лицата кои биле на оваа „диета која имитира пост“ имале понизок крвен притисок, постабилно ниво на шеќер во организмот и подобро ниво на холестерол отколку оние кои не биле на диета, а изгубиле и 3 килограми во текот на петдневниот период.

-Резултатите на нашето истражување покажаа дека луѓето може да почуствуваат бројни позитивни здравствени ефекти со помош на периодичниот пост или диетата која го имитира, тврди д-р Валтер Лонго од овој институт.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail