Научно докажано – Водата стоена во автомобил не е за пиење

voda.jpg

Заклучениот автомобил паркиран на сонце во текот на топлите денови може да биде причина за неочекувани опасности.

Доколку надворешната температура е 30 степени Целзиусови, автомобилот внатре достигнува до 45 степени само по половина час во мирување. Во летните месеци, температурата во автомобилот може го забележи и 70-от степен.

На вакви екстремни температури не е пожелно да се седи во возилото, но важно е да се напомене и дека водата во шише која стоела во автомобилот не смее да се пие.

Истражувањата покажале дека пластичните шишиња, кога ќе се загреат, испуштаат штетен бисфенол А, кој го имитира естрогенот во телото, предизвикува хормоналнен дисбаланс и е поврзан со многу други болести, како што се дебелината и дијабетесот.

При високи температури, пластичната амбалажа предизвикува испуштање на металот антимон, кој исто така може да биде штетен за човечкото тело.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail