Научно откритие: Луѓето се премногу глупави за да изберат вистински лидер

hitler.jpg

Научниците откриле зошто демократијата не функционира, мнозинството гласачи едноставно немаат капацитет за да изберат вистински кандидат.

Научниците заклучиле дека теоријата за демократија има еден несреќен недостаток. Ова истражување би било музика за ушите на Хитлер, Сталин и другите диктатори на 20-от век, меѓутоа, може да биде незгодно за останатите, пишува Daily Mail, а пренесува Бука.

Имено, истражувачите заклучиле дека теоријата на демократија има еден несреќен недостаток, а тоа е дека мнозинството гласачи едноставно се премногу глупави за да изберат вистински кандидат.

Според теоријата, демократскиот процес се потпира на претпоставката дека мнозинството граѓани го препознава најдобриот политички кандидат или најдобрата политичка идеја. Сепак, најголем дел од ова истражување покажува дека демократските избори произведуваат просечни лидерство и политика.

Истражувањето предводено од професорот Дејвид Данинг, психолог на Универзитетот Корнел покажува дека некомпетентните луѓе не се во можност да ја проценат компетенцијата на другите луѓе или квалитетот на нивните идеи.

На пример, ако немаат искуство за даночните реформи, многу тешко ќе можат да препознаат кандидат кој е вистински експерт за тоа. Мозокот едноставно не може да направи добра проценка.

Како резултат на тоа, количината на информации и фактите за политичките кандидати може да бидат надвладеани од неможноста на голем број гласачи точно да ги проценат.

„Паметните идеи ќе бидат тешко прифатливи, бидејќи повеќето луѓе не можат да препознаат колку некоја идеја е добра, навистина“, вели професор Данинг.

Тој и негов колега од Универзитетот во Њујорк, покажаа како луѓето се лажат себе самите кога станува збор за нивните интелектуални вештини. Дали истражувањето било поврзано со вештина на оценување на вицови, граматичка исправност или нивните сопствени партии шах, овој двоец заклучил дека луѓето сметаат дека нивното знаење е секогаш над просекот, дури и кога лошо ќе ја извршат задачата.

– Ако не знаете доволно за одредена област, тогаш не сте во состојба да ги процените ниту своите, ниту туѓите пропусти – додава Данинг. Многу е чудно што луѓето брзо се сложуваат за тоа кој е најлошиот кандидат, но не можат да ги препознаат најдобриот меѓу нив.

Д-р Мато Нагел, социолог од Германија, неодамна го дополни истражување на наведените двајца професори со компјутерско симулирање на демократски избори. Неговиот математички модел докажа дека гласачите не биле способни да ги препознаат водечките вештини на политичкиот кандидат.

Кандидатите чии способности се покажале малку подобри од просекот секогаш победувале, па д-р Нагел заклучил дека со демократски избори ретко или никогаш не се избира најдобриот лидер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail