Научно откритие – Сите сме создадени од ѕвездена прашина од далечни галаксии

galaksija.jpg

Се околу нас е материја, па и самиот Млечен пат. Сепак, научниците сега дојдоа до сознание дека и Млечниот пат настанал од „екстрагалатичка материја“. Научниците користиле компјутерски модели за да дознаат како материјата од која сме создадени но која нас не опкружува воопшто дошла во нашата галаксија.

Научниците употребиле напредни компјутерски симулации за да покажат како галаксиите растат низ повеќе милијарди години, заклучувајќи дека една галаксија апсорбира вџашувачки количества материја исфрлена од помалите галаксии по експлозии на ѕвездена супернова.

Кога ѕвездата умира, таа создава супернова, огромна експлозија што резултира со истерување на поголем дел од ѕвездената маса, т.е. материјата и атомите што ја сочинуваат таа материја. „Моќните галактички ветрови“ ги шетаат овие атоми низ вселената, од една галаксија во друга.

Овие галактички ветрови се движат со брзина од стотици километри во секунда, но, поради растојанието помеѓу галаксиите, потребни се милијарди години за една галаксија да ја апсорбира материјата на друга галаксија, во новоидентификуваниот феномен наречен „галактички трансфер“.

Иако претходно беше познато дека една поголема галаксија може да ја апсорбира материјата од друга помала „роднина“, количеството на таа материја е изненадување за научниците. Во истражувањето објавено во четвртокот во списанието Мантли нотисис оф Ројал астрономикал сосаети, астрономите откриле дека галактичките ветрови може да пренесуваат речиси половина од сета материја во поголемите галаксии.

Професорот Клод-Андре Фошер-Жигер, еден од астрономите вклучени во истражувањето, го објаснува овој феномен: „Она што го укажува овој нов начин е дека до една половина од атомите околу нас – вклучително и во сончевиот систем, на Земјата и во секого од нас – не доаѓа од нашата сопствена галаксија, туку од други галаксии, оддалечени сè до еден милион светлосни години“.

Главниот научник на истражувањето Даниел Англес-Алказар смета дека како резултат на тоа, треба да се сметаме за вселенски патници.

„Со оглед на тоа колку од материјата од која сме создадени можеби дошла од други галаксии, може да се сметаме себеси за вселенски патници или за екстрагалактички имигранти“.

„Многу е веројатно дека голем дел од материјата во Млечниот Пат бил во други галаксии, пред да биде исфрлен од некој силен ветер, патувал низ меѓугалактичкиот простор и на крај си нашол нов дом во Млечниот Пат“, додава тој.

Сега се планираат дополнителни тестови за тестирање на оваа нова теорија, вклучително и работа со тимот на вселенскиот телескоп Хабл и други тимови од опсерваториите на земјата, за подетално да се открие како се формирала нашата галаксија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail