Научниците креираа поевтино и паметно стакло

flexible-glass1-600x450.jpg

Благодарение на тим од истражувачи на Универзитетот во Тексас шофершајбната на вашиот иден автомобил, па дури и прозорците во домот ќе имаат поефикасна и поевтина контрола на сенката, а истовремено ќе ја одржуваат вашата сметка за струја под контрола.

Според соопштението од Универзитетот, професорката Делија Милирон и нејзиниот тим од инженери измислиле нов флексибилен материјал за паметни прозорци кој ќе овозможи повеќе светлина или повеќе сенка во вашиот дом со помош на електрична струја, а системот лесно може да се постави на нов поевтин начин и при пониска температура.

Новиот материјал се разликува од другите панели со течен кристал или електрохроматските шофершајбни по начинот на поставување. Иако се работи за сличен процес, новиот материјал е аморфна цврста материја направена од хемиски кондензиран ниобиум оксид, кој има помала густина од сличните материјали, поради што е пофлексибилен и двојно поефикасен. За разлика од традиционалните слоеви кои се поставуваат на стакло, овој материјал може да се стави и на пластика и со тоа придонесув кон поголема заштеда.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail