Науката докажа дека имате помали шанси да умрете ако ве лекува жена

doctor.jpg

Според новата студија објавена во журналот „JAMA Internal Medicine“, докторките што работеле во болниците имале пониска 30-дневна смрт на пациенти во однос на докторите. Што значи ова?

Научниците испитале 1,5 милиони 30-дневни хоспитализации на постари пациенти во период од 2011 до 2014 година. За време на овој период, пациентите третирани од докторки имале пониска смртна стапка од оние што биле со доктори (11,07 и 11,49 проценти).

И покрај тоа што процентот помеѓу групите на пациенти изгледа незначајно, бројот на животи што тој го опфаќа е многу значаен

Според авторите на студијата, околу 32.000 пациенти не би починале доколку докторите го постигнуваат истиот успех при лекување како докторките (на годишно ниво). Зошто се случува ова? Претходни студии откриле дека жените доктори почесто ги следат клиничките упатства, нудат превентивна грижа и им препорачуваат психолошко советување на своите пациенти.

Но, сепак е потребно повеќе истражување за да се детерминираат специфичните разлики. Авторите на студијата велат дека разбирањето на овие разлики во квалитетот на лекувањето може да доведе до вредни откритија што ќе го подобрат квалитетот на лекувањето за сите пациенти, без разлика кој ги лекува.

Имајќи го ова на ум, докторките низ светот сè уште се помалку платени од докторите

Тие исто така имаат и помали шанси за напредување во својата кариера, за разлика од мажите. Се надеваме дека овие резултати ќе инспирираат промена во медицинскиот свет, како во однос на ценењето на жените, така и во успехот при лекувањето на пациентите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail