businesswomen-working-together-modern-office_1139-962.jpg

Изгледа дека идејата жените да си помагаат едни на други е многу повеќе од лекција која ви ја предавал некој професор. Едно ново истражување на Универзитетот Нотр Дам и на Универзитетот Нортвестерн покажа дека жените кои имаат поддршка од други жени имаат поголема веројатност да достигнат до високи лидерски позиции.

Истражувањето беше објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences и ја барало врската меѓу социјалните мрежи на дипломците од факултет и заземањето лидерски позиции. Истражувачите следење 700 поранешни дипломци од врвни бизнис школи во САД и лидерските позиции на кои биле поставени. Потоа ја анализирале мрежата од контакти на секој од нив, процентуалната застапеност на контакти од истиот пол и колку биле силни нивните врски.

Откриле дека повеќе од 75% од жените поставени на високи лидерски позиции одржувале силни врски со круг од жени или барем одржувале добри контакти со две-три жени со кои комуницирале често. Тие жени кои имале пошироки мрежи од контакти и круг на контакти од женски пол имале 2,5 поголеми шанси да бидат поставени на повисока позиција отколку жените со помали мрежи од контакти и повеќе контакти од машки пол. Кај мажите, пак, ако имале голема мрежа од контакти, без разлика на тоа од кој пол се, имале поголема веројатност да добијат висока лидерска позиција. Жените кои имале исти такви мрежи имале многу помали шанси да добијат висока позиција.

„Иако и двата пола имаат голем бенефит од одржувањето пошироки мрежи од контакти по дипломирањето, како комуницираат со своите контакти и половата припадност на тие контакти во голема мера го определуваат работното место што ќе го имаат. Истите фактори – комуникацијата и половата композиција на мрежата од контакти – немаат никакво посебно значење за позицијата која ја имаат мажите на работа” вели еден од авторите на студијата.

Истражувачите откриле и дека жените кои имаат подобри контакти со моќни пријатели од машки пол можат да си го подобрат пристапот до информации за барање работа и преговарање, но тие кои имаат мрежи од контакти во кои доминираат жени добиваат вистински вредни информации кои ќе им помогнат да напредуваат во светот доминиран од мажите. Накратко кажано – најдобар начин за жените да напредуваат е да си помагаат една со друга.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail