Науката се доближува до можноста да се клонираат луѓе – Научниците успеаја да клонираат мајмуни

majmuni.jpg

Науката се доближува до можноста да се клонираат луѓе. Кинески научници по повеќегодишна работа успеаја успешно да ги клонираат првите примати. Двете мајмунчиња ќе се користат за медицински експерименти.

Двата идентични мајмуни се првите примати кои се родени со користење на истата техника со која беше продуцирана и овцата Доли пред речиси 20 години. Жонг Жонг и Хуа Хуа, родени пред осум, односно шест недели, на Институтот за невролошки истражување при Кинеската академија на науки во Шангај се зачнати со користење на техниката наречена Соматски клеточен јадрен трансфер (СТНЦ).

Процесот се состои од отстранување на јадрото на јајце клетката и нејзина замена со јадро од телесна клетка на друго животно. Реконструираната јајце-клетка потоа се развива во клон на животното од кое било заменето јадрото.

Жонг и Хуа не се првите клонирани мајмуни. Претходните беа креирани со употреба на далеку поедноставна техника наречена „поделба на ембриони“.

Ова беше постигнато преку процес наречен соматски клеточен нуклеарен трансфер (СЦНТ), кој вклучува пренесување на јадрото на клетката, кое ја носи својата ДНК, во јајце на кое му е отстрането јадрото.

Истражувачите од Институтот за Невронаука при Кинеската академија на науките во Шангај, рекоа дека нивната работа треба да биде бенефит за медицинските истражувања со можноста за проучување на болестите во популации на генетски унифицирани мајмуни.

Но, исто така, тоа ја носи можноста за клонирање на прагот на нашиот вид.

„Луѓето се примати. Значи (за) клонирањето на видовите примати, вклучувајќи ги и луѓето, техничката бариера сега е скршена“,изјави за новинарите во конференциски повик Маминг Пу, кој помагаше во надгледувањето на програмата во институтот.

„Причината… зошто ја скршивме оваа бариера е да создадеме животински модели што се корисни за медицината, за здравјето на луѓето. Нема намера да се примени овој метод на луѓето.“

Двете клонирани макаки Ху Ху и Ха Ха се произведени кон крајот на 2017 година. Третото се очекува овој месец и уште повеќе во текот на годината.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top