Научниците создадоа супербрз компјутер направен од ДНК…

dnk.png

Научниците успеале да ги искористат молекулите од ДНК за да создадат нов, супербрз компјутер кој што е во состојба „да расте додека пресметува“.

Овој експеримент е првиот на светот кој што успеал да ја докаже изводливоста на недетерминистичката универзална Турингова машина (NUTM). Досега ваков вид на компјутер постоеше само како теорија.

„Замислете компјутерот да истражува лавиринт и да дојде до точка на избор, еден пат да води кон левата, а другиот пат да води кон десната страна“, објаснува доктор Рос Д. Кинг, професор по информатика на Универзитетот во Манчестер

„Електронските компјутери мораат да изберат по кој пат ќе тргнат. Но, нашиот нов компјутер не мора да избира, затоа што едноставно може да се реплицира себеси и да ги следи двете насоки истовремено и на тој начин за пократко време да дојде до одговорот“, вели доктор Рос Д. Кинг.

За разлика од „обичните“ компјутери кои што имаат фиксен број на чипови, новиот NUTM уред користи ДНК која што може да се реплицира. На компјутерот не мора да му се наредуваат операции, ниту пак со него треба да се комуницира – ДНК-та е однапред програмирана да изведува експоненцијален број на компјутерски операции.

Квантните компјутери и нивните квантни битови исто така можат да генерираат симултани и дивергентни патишта, но бараат специфична симетрија за правилно да работат, што ја ограничува нивната примена и прилагодливост.

„Колку што молекулите на ДНК се мали, подеднакво така десктоп компјутерот би можел потенцијално да има повеќе процесори, отколку сите компјутери на светот заедно и да биде помоќен од моментално најбрзиот суперкомпјутер на светот, додека истовремено троши еден ситен дел од неговата енергија“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail