Доколку имате намера да студирате во странска земја потребно е да го научите јазикот на којшто ќе ги слушате предавањата и на којшто ќе ги полагате испитите. Во голем број на случаи јазикот на студирање е и службениот јазик на земјата во којашто сте се одлучиле да студирате. Истото ова важи и за Република Словенија.

Photo: uploads/Antenna

На сите државни и приватни универзитети во Република Словенија наставата се одвива на словенечки јазик, додека некои од програмите се достапни и на англиски јазик. Со оглед на тоа што поголемиот дел на странските студенти (посебно тие од земјите во регионот) се определиле за студирање на словенечки јазик, навременото изучување на словенечкиот јазик ќе ви помогне во голема мера да го започнете студирањето што поуспешно.

Познавањето на основите на словенечкиот јазик ќе ви помогне полесно да ги следите предавањата и да ги полагате испитите, како и што подобро да комуницирате со своите професори и колеги од Република Словенија. Покрај тоа предзнаењето ќе ви биде од огромна корист во секојдневниот живот, а посебно во потрагата по студентска работа. Би сакале да напоменеме дека работењето за време на студирањето во Република Словенија е сосема легално.

Доколку веќе сте се одлучиле да студирате во Република Словенија, имаме за вас прекрасна вест. Агенцијата 2ТМ организира курсеви за изучување на словенечкиот јазик во Љубљана и Марибор. Програмата на курсевите подразбира изучување на основите на граматиката и правописот, постојано работење на збогатувањето на вокабуларот, правилно акцентирање и нагласокот, како и гестикулацијата, којашто се применува во секојдневниот говор. Предавањата се одвиваат во групи од по петнаесет лица.

Идните студенти од земјите од регионот, како и тие на коишто словенечкиот јазик им е мајчин, обично се одлучуваат за интензивен курс во обем од 100 до 150 часови. Ако сакате да се подготвите што подетално и што посистематски за своите студии, достапни се за вас и целогодишни курсеви од 500 часови.

Предавањата се одвиваат исклучително на словенечки јазик, а лицата коишто ги одржуваат предавањата се професори на коишто словенечкиот им е мајчин јазик. Сите курсеви за изучување на словенечки јазик се акредитирани од страна на Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија.

Потребно е да знаете дека за било кој интензитет на изучување на словенечкиот јазик да се одлучите, на крајот од курсот ќе го научите словенечкиот јазик до ниво А2, значително ќе го збогатите својот вокабулар, ќе бидете оспособени да го примените своето знаење усно и писмено, а ќе се запознаете и со културното односно јазичното богатство на Република Словенија.

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не на следната електронска адреса: [email protected] или преку Facebook. Ќе ни биде посебно драго заедно да ги поставиме темелите на вашата идна академска кариера.

Научете го словенечкиот јазик пред почетокот на студирањето заедно со агенцијата 2TM.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail