son.jpg

Истражувањето во кое учествуваа повеќе од милион учесници, постари од триесет годишна возраст, открива дека луѓето кои спијат осум или повеќе часа и оние кои спијат помалку од четири часа имаат повеќе шанси за ненадајна и рана смрт, за разлика од оние кои спијат шест или седум часа секоја ноќ.

Ова истражување ја покажува поврзаноста помеѓу долгото спиење и високата стапка на смртност.

„Не знаеме дали долгото спиење навистина води кон скратување на животот. Потребни се додатни истражувања преку кои би потврдиле дали алармот кој го местите да ве разбуди порано може да го подобри вашето здравје. Оние кои спијат шест часа, треба да знаат дека времетрањето на нивниот сон е безбеден. Од здравствен аспект, нема потреба да спиете подолго од тоа“ – изјавува професорот од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, Даниел Крипке.

Ова истражување е многу важно бидејќи се коси со популарното мислење дека осумчасовното спиење е неопходно и најсоодветно за да бидеме здрави и одморени. Поранешната премиерка Маргарет Тачер била позната по тоа што спиела само четири часа дневно. Дури и оние луѓе кои спијат пет часа дневно, живеат подолго од оние кои спијат осум или повеќе часа.

Најдобри резултати покажа групата која спиеше седум часа. Групата која спиеше осум часа имала 12% поголеми шанси да си го скрати животниот век и тоа во наредните шест години. Со 1,1 милион учесници, ова истражување е едно од најголемите во оваа област. Истражувањето покажало дека оние кои повремено се борат со инсомнија не се изложени на поголем ризик од порана смрт, но затоа оние кои пијат таблети за спиење имаа поголеми шанси да си го скратат животот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail