Не им се брза: Самсунг ќе го одложи претставувањето на Galaxy S8?

tocka-217180.jpg
Според првичните информации, се очекуваше дека јужнокорејската компанија ќе ги претстави Galaxy S8 и Galaxy S8 Edge на самиот почеток од новата 2017-та година, но се чини дека тоа нема да се случи.

Samsung Galaxy S8 е „флегшип“ моделот кој што ќе мора да ја врати довербата во стабилноста и безбедноста на паметните телефони на Самсунг, нешто што е нарушено после сериозните проблеми кои што оваа јужнокорејска компанија ги имаше после претставувањето на Galaxy Note 7.

Експлозија на батеријата, забрана за користење, повлекување од пазарот и молба до купувачите да го вратат својот нов Galaxy Note 7 им предизвика сериозни проблеми на Самсунг на пазарот со паметни телефони.

Иако Самсунг и натаму несомнено е компанија која што произведува врвни телефони, после ваквото фијаско мора во компанијата да бидат крајно внимателно за да не се случи нешто слично и во иднина.

Сите информации досега сугерираа дека Samsung Galaxy S8 и Galaxy S8 Edge ќе бидат претставени на Mobile World Congress во Барселона кој што се одржува од 27-ми февруари до 2-ри март. Таквото сценарио би било во склад со досегашната традиција, затоа што Самсунг токму во Барселона ги претставуваше своите врвни паметни телефони во последниве неколку години.

Сепак, дел од специјализираните портали пренесуваат дека Самсунг сега сериозно размислува Galaxy S8 и Galaxy S8 Edge да ги претстави во април, а можеби нивното претставување ќе биде во мај.

Причината е многу едноставна и прилично разбирлива – компанијата сака се да биде совршено и да не постои ниту најмала можност за грешка кај Galaxy S8 и Galaxy S8 Edge. Од Самсунг засега не даваат коментар за овие информации.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail