Не мора секогаш да го мразите: 10 причини поради кои треба да го сакате понеделникот

1-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot.jpg

Недела е прекрасен ден кога можете да си дозволите да спиете до подоцна, да уживате во семејните собири и да бидете малку мрзливи. Но, кога доаѓа вечерта вие морате да размислувате за утрешниот работен ден и да го поставите алармот за рано наутро. Но, зошто секогаш на понеделникот да гледате како на негативен ден? Напротив, постојат неколку причини кои ќе ви покажат зошто треба на некој начин да го сакате овој ден. Еве за кои станува збор.

1. Понеделникот означува нов почеток

Оставете ги во изминатата недела работите за кои жалите. Потрошивте премногу пари за време на викендот? Изедовте големо парче торта на забавата иако сте на диета? Кажете им збогум на овие жалења и каења! Понеделникот е почеток на нова недела, па искористете го ова како предност.

Dr.Diva Verdun - Empowerment Guru, Spiritual Practitioner, Minis

2. Одлична можност за повторно да најдете мотивација

Станете, размрдајте се и правете ги оние работи кои ве мотивираат за да ја направите прекрасна и оваа недела!

Couple Walking Dog Through Winter Woodland

3. Ова е одличен момент за да поставите нови цели

Чекавте за да пробате нешто ново? Или да прекинете со некоја лоша навика? Понеделник е совршен ден за да почнете да ги остварувате своите цели!

4-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

4. Имате цела недела за да го остварите она што сте го замислиле

Не дозволувајте работните обврски да ве онерасположат. Вие имате 5 прекрасни денови за да ги завршите, без разлика дали е тоа плаќањето на сметките, чистењето на домот или бањањето на вашето куче.

5-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

5. Одлична можност да започнете со вежбање

Една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе во почетокот на новата недела е да бидете активни. Овозможете му го ова на вашето тело и ќе видите какви неверојатни работи тоа ќе може да направи за вас!

6-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot-1

6. Кафето е повкусно во понеделник наутро

Во понеделничките утра кафето има посебен вкус и посебна моќ!

7-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

7. Повторно се емитуваат омилените телевизиски емисии

Викенд програмата на телевизиите е поразлична, па понеделникот ви нуди повторно да ги следите вашите омилени телевизиски емисии и филмови.

Smiling man watching interesting movie

8. Одличен ден да започнете да ги планирате случувањата за наредниот викенд

Ако не ви се остварија целосно плановите изминатиот викенд почнете да правете планови за оној што доаѓа!

9-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

9. Идејата за мразење на понеделникот е само илузија

Понеделник е само уште еден ден. Зошто да живеете мразејќи една седмина од животот? Променете го вашиот став!

10-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

 

10. Ова е прекрасен ден за да бидете свои

Бидете среќни и благодарни што живеете во таков убав ден!

11-ne-mora-sekogash-da-go-mrazite-10-prichini-poradi-koi-treba-da-go-sakate-ponedelnikot

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail