elAax-bba5d27e-fe5f-4d71-a8b9-5178fec51ee4.c10.jpg

Секој има приоритети кои мора да ги исполни при резервација на хотелското сместување. Тоа може да биде или добра услуга, удобен брачен кревет, функционален клима уред…Но, тоа што на што сите сме подготвени да потрошиме малку повеќе пари е “поглед на море”.

Сите сакаме на балконот од својата соба да уживаме во пијалак и поглед кој преку синото море се протега до каде што ни оди погледот.

Меѓутоа, секоја година луѓето наседнуваат на најчестата хотелска измама. Уплаќаат дополнителни пари за “соба со поглед на море”, за да откријат дека тоа воопшто не се гледа.


Џеф Расел, консултант за патувања, за “Daily Star” открил со кои се трошоци се служат агенциите, и дал совет како да се избегне оваа најчеста грешка.

Соба со поглед на море значи дека можеби ќе имате “делче” од погледот, или морето ќе можете да го видите само од зафрлениот дел од собата.

Тој рекол и дека, доколку видите дека хотелот нуди ваков поглед од собата, треба да знаете дека тоа не значи дека пред очи ќе го гледате целото сино пространство.

“Тоа треба да го проверите со хотелот, пред да ги потрошите тешко заработените пари за да гледате зграда или паркинг”, советува Расел.

Тој додава дека истото важи за “поглед на градот” или кон “хоризонтот”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail