Не сакаат пари од туристите? 10 земји кои е тешко да ги посетите!

tur.jpg

Кога се работи за туристите, не сите држави имаат ист став кон гостите. некои на пример, толку ја отежнале можноста за посета, што добивањето виза станува невозможна мисија, додека други се наоѓаат географски на прилочно пренпристапни места, па до нив едностанво е тешко да се пристигне.

Северна Кореја

Секако, кога се работи за тешкотии за посетување на одредени земја, Северна Кореја според сите истражувања секогаш е на првото место. Сепак, минатата година земјата ја посетиле 100.000 туристи, кои сите до еден, се движеле исклучиво со водичи од три дозволени патнички агенции. Верувале или не, според кажувањето на оние кои биле, добивањето виза не е најтешкиот дел, но тука е проблем што кога ќе дојдете немате никаква слобода за движење, туку слушате упатства и планови на вашиот водич.

 

 

Бутан

Земјата на напуштените свињи и среќни луѓе, било невозможно да ја посетите се до 1974 година. Имено, на северот се наоѓаат планини, а на југот џунгли, така да тоа го отежнува пристапот на заинтересираните. Денес до тука возат само две авио компании, а изградени се и патишта, така да пристапот е овозможен и со автомобили. Сепак, за да ја посетите оваа земја, најпрвин морате да платите на туристичка агенција и да земете пакет кој ќе ви понудат. Друга опција нема, барем уште не.

 

 

Кирибати

За да ситегнете до далечните Кирибати, морате првин да комбинирате летови, со оглед дека е прилично одалечен остров во Тихиот океан. За да воопшто прситигнете тука, патот мора да го започнете од Виџи, Хонолулу, Брисбан, Манила или Тајпеј, а потоа да изберете помали авиони кои го поврзуваат островот со овие места. Исто така, влегувањето на островот не е лесно, ако не сте од една од 60 земји чии граѓани може да купат виза на доаѓање. Друга опција е да пронајдете дипломатско претставништво на Кирбати (кои се прилично ретки) некаде низ светот и кај нив да барате виза.

 

 

Науру

Островот кој последните години стана познато како место на кое Австралијанците ги испраѓаат мигрантите. Има само една авио компанија која лета до него. Исто така има само десетина конзулати и тоа во Австралија, Фиџи, Тајван, Тајланд…

 

 

Узбекситан

Една од многубројните земји од поранешниот Советски Сојуз за која освен виза треба и писмо со повик пред воопшто да ја побарате визата. Тоа обично можете да го добиете од хотел или туристичка ангеција, но исто така е уште еден дополнителен чекор поради кој луѓето одбиваат да ја посетат оваа земја.

 

 

Туркменистан

Додека сте тука, задолжително е следењето од страна на водич, што е непотребен и дополнителен трошок. Сепак, ако доаѓате со автомобил од соседните земји, можете да побарате танзитна виза и да ја истражите земјата без никакво следење. Сепак, оние кои биле велат дека водичот во сложена земја како Туркменистан всушност и не е лоша работа.

 

 

Сомалија

Држава која се мачи со внатрешни конфликти долг низ години и не е некоја дестинација која би ја посетиле, но и покрај препораките на британската и американска влада туристите овде сепак доаѓаат. Неодамна сомалиска амбасада се отвори и во САД, а од таму советуваат пат во Сомалија исклучиво со Turkish Airlines со поаѓање од Турција.

 

 

Либија

Како и Сомалија, министерствата за надворешни работи на многу држави не препочатуваат посета на оваа земја, но тоа и натаму е можно. Со копнен пат во Либија исклучиво можете да пристигнете преку Египет, додека со авион од Истанбул.

 

 

Екваторијална Гвинеја

Земјата која многумина избегнуваат да ја посетат поради константното кршење на човековите права и за која визата е задолжителна за сите посетители освен за оние од САД. Сепак, кој и да отишол таму, сежали на отежнато движење низ земјата, како и на цените за хотелско сместување, кои се поскапи од соседните земји.

 

 

Ангола

Добивање виза за посета на оваа африканска држава обично трае со недели, а многу потенцијални гости се отажуваат од причина што пред самото аплицирање за виза треба да приложите и писмо со покана и доказ за платен хотел. Бесмислено е што мора да платите хотел, а не знаете дали воопшто ќе добиете дозвола да ја посетите земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail